• сабота, 21 декември 2024

МО ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

МО ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

- Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември, како што појаснуваат од Министерството за одбрана, Владата ги задолжила Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана.

- Постапката е веќе започната и е во тек, велат од Министерството за одбрана. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан