• петок, 05 декември 2025

Мојсоска: Во пресрет на летната сезона ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема

Мојсоска: Во пресрет на летната сезона ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема

Скопје, 15 мај 2025

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на социјалните мрежи потсети дека и покрај дотраените противпожарни возила, а во пресрет на летните периоди и шумските пожари, ниту еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ не набави нови возила и противпожарна опрема:

„Во пресрет на летната сезона, кога повторно ќе сведочиме катастрофални сцени со изгорени и уништени шуми, потсетување дека од 500 милиони евра кредит, вмровските градоначалници набавија нула противпожарни возила. Затоа што во набавка на противпожарна опрема нема провизии и нема фирми блиски до власта да земаат тендери за 100 метри пат или изградба на паркчиња. 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и во предизборна програма најавуваше ново противпожарно возило, што никаде го нема ниту после 4 години власт. Иако до Пецаков е доставена понуда за купување поволно противпожарно возило од доброволно противпожарно друштво „ПИВКА”, очигледно градоначалникот на Охрид има други приоритети, како носење ДУП-ови за рушење на Маларична болница (познатиот белег на Охрид).

Кога летово ќе се гасат пожари со дотраени југословенски возила, редуциран број на пожарникари и несоодветна опрема, сетете се на изјавата на премиерот дека во Македонија скандинавски се живее и веднаш ќе ви биде полесно…” - напиша пратеничката Мојсоска.

линк: https://www.facebook.com/share/p/16W4gb3oGV/?mibextid=wwXIfr

 

ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан