• недела, 30 јуни 2024

Мојсовски му додели благодарница на Миркуловски за особен придонес и развој на ракометот

Мојсовски му додели благодарница на Миркуловски за особен придонес и развој на ракометот
Скопје, 19 април 2022 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес му додели признание на македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски кој во неделата го одигра последниот официјален натпревар во „црвено-жолтиот“ дрес. - За ракометарот нема последна игра! Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти! Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт, но и како соиграч на Миркуловски имам можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот. Ти благодариме – напиша Мојсовски на својот фејсбук-профил. Мојсовски низа години настапуваше заедно со Миркуловски и во Металург и во македонската репрезентација. зс/

Остани поврзан