• петок, 26 јули 2024

Мојсовски: Важно е Тетово да продолжи да се развива и модернизира, да гласаме за европско Тетово

Мојсовски: Важно е Тетово да продолжи да се развива и модернизира, да гласаме за европско Тетово

6 август 2022СДСМ во изминативе четири години овде во Тетово преку Владата и институциите што ги предводи инвестиравме во бројни капитални проекти во разни сектори.Исклучок од тоа не е ниту спортот.Овде во Тетово изграден е првиот од вкупно 14те пливачки базени низ државата, кој веќе од следниот месец ќе почне со работа.Базенот е наменет за учениците од тетовските училишта, но ќе може да се користи и во комерцијални цели.Преку ваучер системот само за машките и женските фудбалски клубови овде во Тетово, издвоени се над 23 милиони денари.И нема да застанеме тука, следува изградба на нов мини спортски комплекс помеѓу новоизградениот базен и постојното фудбалско игралиште.Во кругот на спортскиот центар, ќе се изгради и терен за мал фудбал, терен за тенис како и урбана опрема и простор за забава за најмладите, детска патека за ролери и велосипеди.Важно е Тетово да продолжи да се развива и модернизира, а гаранција за тоа е СДСМ. Затоа, ве повикувам на 20 август да гласате за советничката листа на СДСМ и коалицијата.Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово.

Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан