• четврток, 14 ноември 2024

Москва протера неколку вработени во бугарската амбасада

Москва протера неколку вработени во бугарската амбасада

Москва, 18 април 2022 (МИА) - Москва протера неколку претставници на бугарската амбасада како одговор на протерувањето на руските дипломати од Софија во март.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, нотата за протерување на неколку вработени во бугарската амбасада денеска му била предадена на вонредниот и ополномоштен бугарски амбасадор во Руската Федерација Атанас Кристин. Се додава дека оваа мерка е одговор на „немотивираната“ одлука на бугарската страна во март годинава да прогласи десет дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни лица. паг/  

Остани поврзан