Москва: Постои идеја за средба меѓу Лавров и Рубио, но договор сè уште не е постигнат
- Можната средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио бара претходни подготовки, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
Москва, 21 октомври 2025 (МИА) – Можната средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио бара претходни подготовки, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
- Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Не го потврдивме она што го пишуваа некои западни извори вчера. Немавме јасно дефинирано ни време ни локација за таква средба. Постои идеја за одржување на оваа средба, рече Рјабков.
Тој нагласи дека се работи на подготовките за средбата на Лавров и Рубио и потврди дека шефот на руската дипломатија вчера разговарал со својот американски колега на таа тема. Тој во понеделникот изјави дека на можната средба на Лавров и американскиот државен секретар на дневен ред се очекува да бидат украинското прашање, билатералните односи и економската агенда. јт/
Фото: МИА архива