• сабота, 23 ноември 2024

Момчето на Ријана обвинет за напад со огнено оружје

Момчето на Ријана обвинет за напад со огнено оружје

Лос Анџелес, 16 август 2022 (МИА) - Партнерот на познатата пејачка Ријана, американскиот рапер АСАП Роки е обвинет за учество во вооружен напад што се случил во ноември во Холивуд, соопштија властите на американската сојузна држава Калифорнија.

Музичарот, чие вистинско име е Раким Мајерс (33), се соочува со обвинение за напад со полуавтоматско оружје. Според документите, раперот е обвинет дека вперил пиштол кон свој поранешен пријател, при расправија, лани во ноември, а потоа испукал двапати, нанесувајќи ѝ на жртвата „лесно ранување“, соопшти Окружното обвинителство на Лос Анџелес. АСАП Роки, кој наскоро треба да се појави на суд, беше уапсен во април на аеродромот во Лос Анџелес при симнување од приватен авион по лет од Барбадос, од каде што е неговата девојка Ријана. Со неа во мај добија и дете. Во август 2019 година, раперот беше осуден на условна затворска казна за насилство во тепачка во Стокхолм, Шведска.  си/

Остани поврзан