• недела, 22 декември 2024

Можности за помош преку Евроатлантскиот координативен центар за катастрофи при НАТО

Можности за помош преку Евроатлантскиот координативен центар за катастрофи при НАТО
Скопје, 4 декември 2020 (МИА) - Главениот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи денеска на седница разгледувал, првично и иницијално, можности за обезбедување  меѓународна помош преку механизам на Евроатлатскиот координативен центар за катастрофи при НАТО (NATO - EADRCC).  Истовремено, како што соопштија вечерва од ЦУК, беше иницирано и размислување за идна можна вакцинација кога за тоа ќе се создадат услови. -Беа разгледани преземенети мерки и определени активности на институциите што има за цел зпоголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, стои во соопштението. Центарот за управување со кризи, потенцираат од таму, е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор. Со шестата седница на Главниот штаб  за управување со кризи од прогласувањето на кризната состојба, раководеше в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.  На седницата учествувале претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК.лв/мд/

Остани поврзан