• среда, 10 јули 2024

Моди: За решение на конфликтот во Украина потребна е дипломатска акција

Моди: За решение на конфликтот во Украина потребна е дипломатска акција

Виена, 10 јули 2024 (МИА) - Еден ден откако се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, индискиот премиер Нарендра Моди денеска во Виена разговараше со австрискиот канцелар Карл Нојхамер за војната во Украина, при што ја истакна потребата од дипломатска акција.

Нехамер им рече на новинарите дека е важно да се разбере позицијата на Индија за Украина и да и се пренесе загриженоста на Европа, истакнувајќи дека „важен и значаен сигнал“ е што Индија учествуваше на самитот во Швајцарија минатиот месец.

Австрискиот канцелар рече дека Австрија може да дејствува како „градител на мост“ во меѓународните мировни напори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан