• сабота, 23 ноември 2024

„Мобилност Македонија“ ќе додели ортопедски помагала на лица со инвалидитет

„Мобилност Македонија“ ќе додели ортопедски помагала на лица со инвалидитет
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ денеска во Скопје ќе додели дел ортопедски помагала набавени во рамки на средствата за реализација на програмски активности на Сојузот за 2020 и 2021 година наменети за лицата со тежок и најтежок телесен инвалидитет. Како што информираат од Сојузот, на настанот ќе присуствува и  министерката за труд и социјална политика.Јованка Тренчовска. Според „Мобилност Македонија“, станува збор за набавка на 17 електрични додатоци за инвалидски колички и 13 електромоторни колички - ортопедски помагала кои не се на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување, а се неопходно потребни за самостојно движење на овие лица. Лицата за кои се набавени помагалата се избрани по пат на објавување на јавен повик во два пишани медиуми и на веб и фејсбук страниците на Сојузот. Посебна комисија за ортопедски помагала го изврши изборот и на сите пријавени кои ги исполнуваа критериумит, одобрени им се помагалата. Дел од набавените помагала се веќе доставени во домовите на лицата кои живеат надвор од градот Скопје, а на дел ќе им се доделат денеска во просториите на Мобилност Македонија во Домот „Даре Џамбаз“ во Скопје. вг/лв/

Остани поврзан