• четврток, 25 декември 2025

Млад жител на кавадаречко Марена возел под дејство на алкохол во Неготино 

Млад жител на кавадаречко Марена возел под дејство на алкохол во Неготино 

Неготино, 22 декември 2025 (МИА) - Млад жител на кавадаречкото село Марена возел под дејство на алкохол во Неготино. 

Од Секторот за внатрешни работи - Велес информираа дека денеска во 00:40 часот на улицата „Индустриска“ во градот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода А.А., 27-годишно лице од кавадаречкото село Марена.

- При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, појаснија од СВР - Велес.

По целосно документирање на настанот, како што посочија, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан