• сабота, 23 ноември 2024

Младите од Тетово ги обоија дупките по улиците за да укажат на потребата од нивно санирање

Младите од Тетово ги обоија дупките по улиците за да укажат на потребата од нивно санирање
Тетово, 15 февруари 2021 (МИА) - Млади активисти од Тетово - членови на неформалната група „Арт активизам“ симболично ги обоија дупките по градските улици, со цел да укажат на општината на потребата од нивно санирање. Според нив, граѓаните на социјалните мрежи веќе споделуваат информации за постоење на ваквите ударни дупки, за луѓето да знаат каде и како да ги избегнуваат за да не ги оштетат возилата. -Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот. Граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за граѓаните. Затоа, денеска млади активисти од Тетово почнаа со акција за “санација на ударните и најкритичните дупки“ со цртежи, на сите градски патишта на територија на општината, и воедно да им испратаат порака на општината, информираат од „Арт активизам“. Според објавите поставени на државниот електронскиот систем за јавни набавки на 8 февруари оваа година, општина Тетово распишала оглас токму за изведување на работи „Пополнување на ударни дупки на улици и патишта во Општина Тетово“. Отворањето на понудите е предвидено за 23 февруари.ас/бт/

Остани поврзан