Младински центар отворен во Кавадарци
- Во Кавадарци денеска е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа.

Кавадарци, 6 јули 2021 (МИА) - Во Кавадарци денеска е отворен Младински центар како плод на соработката помеѓу општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот за младинска работа.
Со Центарот ќе управуваат организациите „Креактив” и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција”, кои беа избрани преку јавен повик.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев нагласи дека овој Младински центар е многу значаен за младите од општина Кавадарци.
Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски овој Младински центар е од огромно значење за поврзување, приближување и подобро запознавање на младите луѓе.
Пред присутните се обрати и Ивана Стојчевска од Сојуз за младинска работа.
Претседателот на „Креактив”, Драган Марковски и Ѓорѓи Нанчев, младински работник од СППМД, изразија задоволство што по долги години работа на терен, Кавадарци добива ваков центар. свд/цр