• понеделник, 23 декември 2024

МКЦК: Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми

МКЦК: Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми
Женева, 15 март 2022 (МИА) - Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). „Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута“, изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон Страциусо. Тој рече дека руската страна дала дозвола за евакуација. Во автобусите има само жени и деца. „Повеќе од 100 автобуси се движат во два одвоени конвои. Тоа е заедничка операција на МКЦК и украинскиот Црвен крст“, рече Страциусо. Според Меѓународната организација на ОН за миграција, околу три милиони луѓе ја напуштиле земјата по руската инвазија на Украина пред 20 дена. паг/  

Остани поврзан