• понеделник, 23 декември 2024

Мијата настапува во Италија на Фестивалот на музички контролори

Мијата настапува во Италија на Фестивалот на музички контролори
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Наташа Мијатовиќ - Крстевска деновиве престојува во Италија каде се одржува Фестивалот на музички контролори, на кој годинава настапува по втор пат. Станува збор за фестивалот на кој, како музичари ќе настапат контролори на летање од целиот свет. - Фестивалот на музички контролори (Controllers’ Music Festival) традиционално се одржува по четврти пат, во делот на Италија наречен Саленто. На овој фестивал доаѓаат контролори на летање од различни делови на светот. Овие контролори, кои се и музичари, настапуваат со своите бендови. Секој бенд подготвува репертоар за настап од 40 минути. Годинава имаме 15 бендови, поделени на четири фестивалски денови од 31 август до 3 септември, вели Мијата. Додава дека имала среќа да го отвори овој историски фестивал пред четири години. - Сега ми е полесно и попознато. Оваа година мојот бенд се вика MIYATTA & The Control Freaks. Како вокал ме придружуваат Кире Мирчовски со акустична гитара и Александар Пешевски со гитара и хармоника. Подготвивме репертоар од 13 песни, од кои некои се оригинални, а некои кавери, но сите се спакувани во акустичен рок стил. Овогодишниот настап е посебен бидејќи на него ќе се случи премиера на мојата најнова песна, насловена „Paid“, вели Мијата. Темата „Paid“ е авторското дело на самата Мијата (музика и текст), додека Дамир Пух ги потпишува аранжманот и продукцијата. Придружните вокали на снимката ги отпеа Наташа Миха. Мијата е дел од македонската музичка сцена дваесетина години. Паралелно со своето животно хоби, популарната Мијата ја негува и својата страст за летање. Поточно, за контролата на летање, што и е примарна професија. мс/дма/    

Остани поврзан