Мишел: Европа го осудува кукавичкиот напад во Виена
- Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Брисел, 2 ноември 2020 (МИА) - Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Веднаш по вечерашниот терористички напад во Виена, Мишел од својот профил на Твитер испрати сочувство до жртвите и граѓаните на Виена.
- Ние сме со Австрија, порача Мишел.
За време на вечерашниот напад во центарот на Виена загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени. паг/