• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Суверенитетот потекнува од граѓаните, власта треба да покаже демократски капацитет и да прифати референдумско изјаснување за на преговарачката рамка

Мицкоски: Суверенитетот потекнува од граѓаните, власта треба да покаже демократски капацитет и да прифати референдумско изјаснување за на преговарачката рамка
Скопје, 22 јули 2022 Во текот на вчерашниот ден имавме долга и неколку часовна средба на Извршниот комитет на партијата, разговаравме за сите можни сценарија, антиципиравме можно однесување на власта и донесовме одлука иницијативата за референдумско изјаснување на граѓаните да биде приоритет над сите приоритети. Цениме дека ако е мудра власта и ако навистина го цени мислењето на граѓаните бидејќи тие се суверен суверенитетот потекнува од граѓаните ќе го почитуваат нивното барање да се одржи едно такво референдумско изјаснување, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање за одлуката на ИК за референдум за преговарачката рамка. Мицкоски истакна дека прашањето дополнително ќе и биде на јавноста познато, а бидејќи во периодот кој што следи ќе се водат процесите на консултации со експерти од областа, од областа на референдумско изјаснување, уставното и меѓународното право за да се дојде до едно решение. - Се надевам дека ќе биде како постапка најпрво прифатена од страна на спикерот Џафери во парламентот  а потоа и ќе собереме 150 илјади потписи и ќе излезeме на едно такво изјаснување. Но, ќе повторам уште еднаш тоа го зборував изминативе денови дека треба да се насочиме на проблемот  ова се три одвоени процеси, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека првиот процес е билатералниот спор заедно со протоколот кој што е извор на проблемот, вториот е измената на Уставот, и тука треба граѓаните да се сигурни да имаат потполна доверба во дадениот збор од страна на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а како дополнение е и  зборот практично на неколкумина слободно мислечки пратеници во парламентот, а третиот процес кој што зависи од вториот а тоа е конечното презентирање или ве јавно усвојување на преговарачката рамка. - Значи отприлика тука треба да се бара референдумското изјаснување меѓу првиот и третиот процес. За вториот процес гарант е пратеничката група граѓаните да бидат безбедни да бидат сигурни иако постојат инфилтрати од страна на власта на социјалните медиуми кои што се обидуваат да шират дефетизам, но еве уште еднаш ќе повторам гарант дека нема да има промена на Уставот е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот даден збор под овие услови вакви асимилаторски и хегемонски кои што ги содржат и договорот и протоколот со нашиот источен сосед но и потенцијалната верзија на преговарачката рамка која што се уште јавно не е усвоена или презентирана. Така што тоа е приоритет сега над сите приоритети бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се води од партиските интереси ниту пак јас се водам од партиските интереси туку од интересите на граѓаните и тоа што е најважно за државата нас не ни е битна власта по секоја цена ако дојдеме и ако веќе имаме пустош, или се што е национално биде распродадено, изјави Мицкоски. Тој нагласи дека затоа е многу важно да имаат можност граѓаните  да се изјаснат, а власта да покаже демократски минимален капацитет да прифати референдумско изјаснување бидејќи се уште не е доцна да се исправат работите. - Суверенитетот извира од граѓаните и ако навистина има минимум демократски капацитет кај СДСМ и ДУИ, тогаш не гледам причина зошто да не го прифатат референдумот, иако не исклучувам било какви политички маневри и гимнастики од страна на спикерот Џафери во Парламентот, изјави Мицкоски. Мицкоски со апел до Владата: Заборавете на коктели и луксузирања, туку испратете тимови во Берово да се спречи пожарот „Ни претстои сериозна опасност ако не помогне државата и ако навремено не реагира, дека може да ни се повтори сценариото од минатата година. И да не бидеме обвинети дека само еве ги штитиме градоначалниците кои што се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, еве во Берово е да речеме градоначалник од редовите на СДСМ, апелирам до Владата веднаш да испрати тимови и се што е потребно да биде ставено на располагање на општината бидејќи ресурсите со кои што општините располагаат се навистина минимални или незначителни“, истакна денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Свети Николе одговарајќи на прашање за пожарот во Берово. Мицкоски додаде дека од пожарот штетата што може да се направи ако Владата не реагира навреме да биде огромна и девастирачка. „Затоа еве ја користам оваа прилика од овде од Свети Николе да предупредам, а воедно и да апелирам до власта што е можно побрзо да реагира, да заборави на коктелите и на трошењето на народни пари на периферни манифестации, да заборави на луксузирањето и на тендерите барем малку во четири очи пошто еве сведоци сме дека изминативе денови имаме еден таков мултимилионски тендер даден во четири очи за битумен на едно јавно претпријатие. Владата треба да се посвети на тоа што навистина им значи на граѓаните, а тоа е да се спречат пожарите кои што веќе почнуваат да се појавуваат во Македонија, а имајќи во предвид временските прилики може и да земе поширок опфат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан