• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Состојбата во Парламентот е лоша поради насилното однесување на власта

Мицкоски: Состојбата во Парламентот е лоша поради насилното однесување на власта
Скопје, 29 април 2021

Примарното прашање е дека состојбата во Парламентот е лоша. А, лоша е поради насилното однесување на владејачкото мнозинство, сами го споменавте и петтиот пакет, но и она што се случувуваше за време на интерпелацијата на Спасовски, да и се забрани практично на опозицијата да зборува, правдајќи го тоа со некое доцнење на доставување на список итн.“, појасни Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на МРТ.

Мицкоски додаде дека со случката околу интерпелацијата на Спасовски, спикерот на Парламентот не ја бараше суштината туку се бараше марк форма што тоа никогаш досега не било така.

„И навистина, јас тоа често пати сум го коментирал во стилот на физиката, секоја акција има и соодветна реакција спротивно насочена со ист интензитет. Така ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се однесува доколку не дојде до корегирање на однесувањето на владејачкото мнозинство кое што е во Парламентот“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владејачкото мнозинство дури го загрози и здравјето на другите пратеници и вработени во Парламентот со носење на нивни пратеници кои што беа позитивни на КОВИД-19.

„Спикерот треба да биде човекот кој што е одговорен за хармонија во Парламентот, а не за деструкција“, нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан