Мицкоски: Охрабрувачки е порастот на извозот во првите два месеца
- Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што, според него, е охрабрувачки бидејќи не дошло до намалување иако имало одредени стравувања.
Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што, според него, е охрабрувачки бидејќи не дошло до намалување иако имало одредени стравувања.
- Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика извади еден податок, кој е, би рекол, охрабрувачки, но тоа е за првите два месеца, за јануари и за февруари, пред да почне кризата. Практично, во февруари се нивелира она што се пропушти во јануари поради протестот на превозниците. Во февруари имаме пораст на извозот за приближно 12 проценти во евра во споредба со претходната година и речиси 10 проценти увозот е зголемен во евра во споредба со истиот период минатата година - рече Мицкоски.
Според него, се земат предвид првите два месеца и извозот и увозот растат со истата динамика од 2,4 проценти.
- Тоа значи дека немаме намалување како што постоеше стравување, туку имаме зголемување. Но, тоа се однесува на првите два месеца. Сега ќе видиме какви ќе бидат следните месеци - март, април - и во зависност од тоа колку ќе биде длабока кризата, така и ние ќе се однесуваме - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на почетокот на реализација на проектот за реконструкција на улици во општина Аеродром. сст/
Фото МИА архива