Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп
- Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе присуствуваат на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција.
Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе присуствуваат на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема.
Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција.
На промоцијата ќе се обратат премиерот Мицкоски, министерот Мисајловски, началникот на ГШ, генералот Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. дма/са/
Фото:МИА архива