Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе присуствуваат на означување на почетокот на изградба на првата фаза на булевар Македонија, односно пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“ во центарот на градот.
Скопје, 1 февруари 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе присуствуваат на означување на почетокот на изградба на првата фаза на булевар Македонија, односно пристапите за влез и излез од подземната сообраќајница под станбено-трговскиот комплекс „Лимак“ во центарот на градот.
Како што соопштија од Владината прес-служба, предвидено е изјава за медиумите да дадат премиерот Мицкоски и градоначалникот Ѓорѓиевски. вг/
Фото: МИА Архива