• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Жалам што премиерот и министрите во владата не можат да ја надминат својата суета

Мицкоски: Жалам што премиерот и министрите во владата не можат да ја надминат својата суета
Скопје, 2 октомври 2022
Жалам што премиерот и министрите во владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, еднаш да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните.
Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди ефтин енергенс, дезертираше, одби. Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше, одби со изговор дека не било сега време. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде и ме повика на економски совет да сум го презентирал концептот, бидејќи така успешно работеле за корона пандемијата итн…
Последни во Европа почнавме со вакцинација откако баравме милост насекаде да ни дадат донација вакцини, додека владата преку фирма од Хонг Конг со основна дејност трговија со јужноамериканско овошје се обидуваше да испазари дебели провизии од набавката на вакцините. Една од највисоките смртности од ковид имаме во Европа. Во Тетовската модуларна болница, ковид пациенти живи изгореа и што ли уште не…, но според Фатмир Битиќи успешно сме се справиле со ковид кризата.
Ако економскиот совет успешно го водевте немаше во “4 очи” да коленичите по соседството и да молите милост да ви дадат. Ако економскиот совет беше успешен сега ќе обезбедевте струја за ФЕНИ и Бучим и наместо клуч на врата ќе гореа печките како што горат за слични такви компании во соседството. Сте помислиле ли како им е сега на работниците кои останаа без работа и со болка во гради се мачат крај со крај да врзат за своите семејства, како да ја поминат зимата или тоа од црвените персијанци и кожните фотељи не се гледа јасно.
Доколку сакате да покажете дека не се точни информациите за големи провизии од увозот на мазут, транспортот преку инстант компании на јаглен и се уште нејасната конструкција за гасот и затоплување на граѓаните, тогаш ви стојам на располагање да ви го објаснам концептот што го нудам. Одберете тим и дојдете во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во време и ден кој вас ќе ви одговара.
Немаме уште многу време….
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02Ejvtn1EfuYT8tHUf3PkpzJXn7Uh3o7Upw9QLnvzyuLjQxbjepNcnq6migWiVL5oJl  

Остани поврзан