• петок, 05 декември 2025

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и апликаци, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, посочувајќи притоа дека двојно е зголемен буџетот за наука и научна дејност.

Тој ги повика, како што рече, колегите од универзитетите да поднесат барање, бидејќи, како што нагласи, тоа е многу важно.

-Но, истовремено сакаме да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од мислам дека некаде околу 5,5 милиони евра во 2024 година, на 670, 680 милиони денари, речиси двојно во 2025 година. Тоа не е доволно, се разбира, истакна македонскиот премиер. 

Како човек кој доаѓа од науката, кој што доаѓа од УКИМ, нагласува Мицкоски, не е доволно, треба уште, но мислам дека е подобро од тоа што беше во минатото.

Се надева дека во годините што следат како Влада ќе можат уште повеќе да понудат за науката бидејќи, како што истакна, науката е двигател на развојот на една држава. сст/дма/

Фото: Влада на РСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан