Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
- -Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните, кажа Мицкоски.
Скопје, 23 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на граѓанскиот собир во Чучер Сандево ги повика граѓаните да излезат во вториот круг на гласање на 2 ноември и да дадат поддршка за број 9, за кандидатот за градоначалник Зоран Бајовски.
Мицкоски во обраќањето до жителите на Чучер Сандево, порача граѓаните сами да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години.
-Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција, рече Мицкоски од митингот.

Според Мицкоски, ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата.
-Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување, нагласи Мицкоски.
Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.

-Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните, кажа Мицкоски. нд/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ