Михал Пинтер е нов играч на ФК Вардар
- Словачкиот интернационалец, Михал Пинтер (30) е нов играч на скопски Вардар.

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Словачкиот интернационалец, Михал Пинтер (30) е нов играч на скопски Вардар.
Словакот игра на централната дефанзивна позиција и доаѓа од екипата на Шкупи каде има одиграно 42 натпревари во ПМФЛ.
Настапувал за екипите на Татран и Вион Злате Моравце, а бил дел од сите младински селекции на репрезентацијата на Словачка, соопштија од клубот. дс
Фото: Фејсбук/ФК Вардар