• среда, 14 август 2024

Митевски: Новата општинска зграда чинеше 34 милиони денари издвоени од буџетот на општина Петровец

Митевски: Новата општинска зграда чинеше 34 милиони денари издвоени од буџетот на општина Петровец

Скопје, 6 септември 2023

Добредојдовте на свеченото отворање  на новата општинска зграда. Денес јас сум горд, бидејќи заедно со моите советници, заедно со општинската администрација како што ветивме точно пред една година дека ќе направиме нова општинска зграда ветувањето денеска е реализирано.

Општинската зграда е со големина од 700 метри квадратни, а за изградба на општинската зграда беа потребни 34 милиони денари издвоени од буџетот на општина Петровец. Јас сум горд што општина Петровец не е должна ниту еден денар. Реализиран е голем број на проекти. Во изминативе само два три месеци завршивме темелна реконструкција на училиштата во Горно, Средно и Долно Коњаре, асфалтиравме пат за населеното место Брезица во должина од 700 метри, поставивме камен темелник на нова детска градинка со капацитет за 70 деца со што го решаваме проблемот на  родителите за згрижување на нивните деца.

Ќе продолжиме и понатаму да работиме на реализација на крупни проекти бидејќи општина Петровец тоа го заслужува. Не случајно општината е прогласена за најпросперитетна општина, не случајно општина Петровец е број еден општина по влез на странски и домашни инвестиции. Ние за две години имаме 27 нови инвеститори. Ќе продолжиме да ги подобруваме условите за живот во нашата општина бидејќи тоа жителите го заслужуваат. Со изградба на оваа прекрасна општинска зграда ги подобруваме условите за работа општинската администрација, а со самото тоа ги подобруваме и услугите што ќе ги даваме на граѓаните.

Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан