• петок, 22 ноември 2024

Митевски: Во општина Петровец се изгради пешачко-велосипедска патека во вредност од 23 милиони денари, средствата се обезбедени од буџетот на општината

Митевски: Во општина Петровец се изгради пешачко-велосипедска патека  во вредност од 23 милиони денари, средствата се обезбедени од буџетот на општината
Скопје, 8 февруари 2023
 
Почитувани медиуми, денеска  имаме свечено пуштање на пешачко-велосипедска патека во должина од 2.050 метри и ширина 3 метри. Пешачка патека која ги спојува двете најголеми населени места во општина Петровец, тоа е населеното место Петровец и населеното место Р`жаничино. Средствата во висина од 23 милиони денари кои беа за да се изгради оваа пешачка патека во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец.
Ова пешачка патека е изградена пред се значи за децата, учениците наши кои учат овдека во ОУ „Кочо Рацин“-Петровец бидејќи знаеме колку е зголемен сообраќајот по регионалниот пат, тоа го ветивме и ние сме сведоци дека она што јас заедно со моите советници го ветив пред изборите дека ќе изградиме оваа пешачко-велосипедска патека, денес сме сведоци дека само за година и неколку месеци веќе е реализиран овој капитален проект за општина Петровец.
Ќе продолжиме и понатаму да работиме, во интерес на нашите граѓани да ги подобриме условите, а вие како медиуми ќе бидете поканети повторно за некаде 3 до 4 месеци за уште еден капитален објект кај што ќе сечеме лента, тоа е новата општинска зграда во Петровец.
 
Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан