• вторник, 07 мај 2024

Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса претстаниците на СДСМ и ДУИ

Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса претстаниците на СДСМ и ДУИ

Скопје, 15 декември 2023

Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација.

Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија е чекор кој ВМРО-ДПМНЕ го поздравува, но воедно покажува дека Македонија заслужува почеток на преговорите со ЕУ веднаш.

Она што е најголем пораз за Македонија е Ковачевски кој деновиве во Брисел наместо да лобира за старт на преговорите тој лови руски коалиции и кажува измислици.

На Македонија и треба премиер кој се бори за кауза, наместо политиканство. Очекуваме да води јасна политика и од ЕУ да побара итен почеток за преговори.

Граѓаните со право го имаат впечатокот, дека Македонија не се изборила за поповолна позиција, како што тоа го направи Украина со сите свои недостатоци.

Веќе три декади Македонија и македонскиот народ се жртва на слаби политичари, кои не знаат да се изборат за националните интереси.

ЕУ веднаш. Ако власта беше способна да ја убеди ЕУ во вистинските вредности, за борба против криминалот и корупцијата, тогаш Бугарија не би била пречка. Но недвосмислено се потврдува дека политичарите од ЕУ и европските држави, не сакаат да седат на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ.

Македонија не е функционална држава, системот е пропаднат, институциите разнишани, економската стабилност не постои. Сосема е лесно да ги идентификуваме главните причини поради кои Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.

Власта на Ковачевски и Ахмети ги има сите точки на спојување на политичка корупција, па затоа во право е Бујар кога вели  дека темни анти европски сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Некои од нив се и на "темни" листи, како Рамиз Мерко, а некои како Талат го злоупотребуваа европското знаменце за Лотаријата на ДУИ.

Ако СДС е толку европска партија, и тврди дека Македонија нема друг проблем за почеток на преговорите освен Бугарија,  тогаш зошто Ковачевски и Маричиќ не предложија Бугарија да ја напушти собата на кратко, но поважно е да одговорат, зошто претставниците на ЕУ не ни помислуваат да предложат вакво нешто за Македонија.

Одговорот е едноставен, сите европски чинители лоцираат епидемија на корупција во Македонија, лоцираат дека владината гарнитура е недопирлива, а судската власт е нивен заштитник. Жалиме што Македонија и македонските граѓани се жртва на криминалната власт на СДС и ДУИ. 

Со силна дипломатија, со чесна политика, и длабоки реформи ќе ја вратиме Македонија достоинствена на евроинтегративниот пат.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

фото ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан