Мистериозна интернет-страна најавува враќање на „АББА“
- Гласините говорат дека изненадувањето може да биде нова песна, нов албум, или пак, дури и нова турнеја.
Стокхолм, 27 август 2021 (МИА) - Шведската поп-група „АББА“ можеби подготвува изненадување за обожавателите, бидејќи Твитер-корисник под името „ABBAVoyage“ и интернет-страна со истото име се појавија на мрежата вчера.
„Придружете ни се“, гласи твитер-објавата што ги повикува обожавателите да бидат „први што ќе слушнат“ повеќе за „АББА Војаж“. Агенцијата за односи со јавноста ЗАП-ПР ја потврди автентичноста на интернет-страницата, јави ДПА.
Гласините говорат дека изненадувањето може да биде нова песна, нов албум, или пак, дури и нова турнеја.
Составот сочинет од Агнета Фалцког, Ани-Фрид Лингштад, Бјорн Улвеус и Бени Андерсон снимаа нови материјали во 2018 година, кои сѐ уште не се објавени. На почетокот на оваа 2021 година, Улвеус рече дека песните ќе бидат објавени годинава. си/сд/