• петок, 05 декември 2025

Мисајловски: Денот на независноста е обврска да ја чуваме и развиваме татковината

Мисајловски: Денот на независноста е обврска да ја чуваме и развиваме татковината

Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки по повод 8 Септември во која оценува дека Денот на независноста е симбол на одлучноста самостојно да ја градиме својата иднина, но и обврска да ја чуваме и развиваме татковината за идните генерации.

- Во таа мисија, македонската Армија е еден од најсилните столбови на нашето општество. Нашите војници, со својата посветеност и пожртвуваност, не само што ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на државата, туку и го претставуваат најдобриот пример за дисциплина, чест и љубов кон татковината. Денес Армијата е модерна, професионална сила, рамноправен дел од сојузничките сили во НАТО. Таа е доказ дека независноста не е само збор од историјата, туку секојдневна одговорност и должност што ја носиме пред себе и пред светот, вели Мисајловски.

Посочува дека независноста е вредност за која се живее и работи секојдневно и дека со верба во иднината и љубов кон татковината ќе продолжи да се гради државата. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан