Миркуловски: Одигравме без срце и душа
- Без срце и душа на теренот не се победува, изјави ветеранот во редовите на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по вечерашниот пораз од Црна Гора (28:24) во вториот натпрев
Дебрецин, 15 јануари 2022 (МИА) – Без срце и душа на теренот не се победува, изјави ветеранот во редовите на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по вечерашниот пораз од Црна Гора (28:24) во вториот натпревар на „црвено – жолтите“ на Европското првенство во Дебрецин.
- Разочарани сме многу. Поквалитетни сме од Црна Гора, но тоа како и секогаш мора да се докаже на терен. Фаворитите не секогаш победуваат, изјави Миркуловски.
- Се подготвуввме добро, трениравме напорно, но има нешто што не се тренира – тоа е душа и срце. Сепак, тоа ние вечерва го немавме, и затоа ми е најмногу жал. Да загубевме во борба немаше толку да жалам, додаде Миркуловски. ег/мд/