• петок, 05 декември 2025

Минчев: Денешниот ден да не инспирира да продолжиме со вложување во образованието и културното наследство

Минчев: Денешниот ден да не инспирира да продолжиме со вложување во образованието и културното наследство

Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која оценува дека нивната работа за развојот на словенската писменост и култура оставила неизбришлива трага во историјата на нашите народи и цивилизации.

- Во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, ја изразувам својата најдлабока почит кон нивното незаменливо наследство. Нивната голема работа за развојот на словенската писменост и култура остави неизбришлива трага во историјата на нашите народи и цивилизации. Денес, кога се сеќаваме на подвигот на Светите Кирил и Методиј, ја потврдуваме важноста на образованието и културата во развојот на општеството, вели Минчев во честитката.

Министерот посочува дека како Министерство за јавна администрација, инспирирани од нивната посветеност, продолжуваат да работат на модернизација на јавната администрација за да создадат поефикасни и достапни институции за сите граѓани.
 
- Се надевам дека овој ден ќе не инспирира сите нас да продолжиме со вложување во образованието и културното наследство, за да изградиме посветла и посигурна иднина. Честит Ден на сесловенските просветители!, вели во честитката министерот Минчев. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан