Минчев: Примерот на Св. Климент Охридски не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка
- Во честитката, министерот Минчев порачува примерот на Св. Климент Охридски да не поттикнува да создаеме подобро општество засновано на знаење и зваемна поддршка.
Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитика по повод денешниот празник Св. Климент Охридски.
Во честитката, министерот Минчев вели дека примерот на Св. Климент Охридски не поттикнува да создаеме подобро општество засновано на знаење и зваемна поддршка.
- Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет. Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка. Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост, вели Минчев во честитката. бак/
Фото: МИА архива