• петок, 05 декември 2025

Министрите за надворешни работи на Индија и Авганистан тврдат дека Пакистан претставува терористичка закана

Министрите за надворешни работи на Индија и Авганистан тврдат дека Пакистан претставува терористичка закана

Њу Делхи, 10 октомври 2025 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Индија, Субрахманјам Џаишанкар, денеска изјави дека Индија и Авганистан се соочуваат со иста закана од прекуграничен тероризам, мислејќи на заканите од Пакистан.

Индија вчера за првпат беше домаќин на министерот за надворешни работи на талибанската влада во Авганистан, Амир Кан Мутаки, откако групата ја презеде власта во Кабул во 2021 година.

- Ја споделуваме истата посветеност на растот и просперитетот, рече Џаишанкар и додаде дека таа посветеност „е доведена во прашање од заканата на прекуграничниот тероризам, кој претставува товар за двете наши земји (Индија и Авганистан)“.

Џаишанкар му се заблагодари на Мутаки за, како што рече, солидарноста што Авганистан ја изрази по терористичкиот напад во Пахалгам во април минатата година, кој предизвика најсериозен воен судир меѓу Индија и Пакистан во последните 20 години.

Индија го обвини Пакистан за нападот, што Исламабад го негираше.

Џаишанкар исто така најави дека индиската дипломатска мисија во Кабул повторно ќе стане полноправна амбасада.

Индија почна да се приближува кон Авганистан откако нејзините односи со Пакистан се влошија, со цел дополнително да му се спротивстави на Исламабад. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан