• четврток, 21 ноември 2024

Министерството за политички систем организира Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”

Министерството за политички систем организира Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) – Во рамките на одбележувањето на 21 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, првпат организира Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, преку Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“, им дава можност на младите учесници да добијат информации за функционирањето на политичкиот систем во Република Северна Македонија. -Спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето на мирот, социјалната кохезија, консензуалната демократија, интеграцијата, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграцијата на граѓаните во јавноста, општествениот, економскиот и културниот живот ќе бидат дел и од предавањата што ќе се одржат во рамките на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“, информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Оттаму истакнуваат дека целта на Школата е стекнување на нови знаења и усовршување на лидерските вештини на младите за да можат да придонесат за позитивен развој на општеството. -Школата ќе се организира од 10.08.2022 до 12.08.2022год. во Охрид, додека обуката ќе се одржи на македонски и албански јазик. Трошоците за сместување и транспорт на селектираните учесници ќе бидат покриени од страна на организаторот, а на конкурсот можат да се пријават младите лица на возраст од 20 до 30 години, велат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Рокот за пријавување трае пет дена од денот на објавување на конкурсот. Сите учесници на крајот на обуката ќе добијат сертификат. Заинтересираните учесници треба да се пријават, со приложување на мотивациско писмо и биографија на следната имејл адреса: peaceforumdialogue@mpsoz.gov.mk и pfd@mpsoz.gov.mk. ир/са/

Остани поврзан