• понеделник, 23 декември 2024

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомениците од НОВ

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомениците од НОВ
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - По реакциите во јавноста на состојбата на спомен-обележјата и спомениците на Народноослободителната војска, министерката за култура Бисера Кoстадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција соопшти дека од 2023 година ќе се започне со национална стратегија со која ќе се поделат средства и надлежности на четири музеи, кои ќе бидат задолжени за реставрација, одржување и зачувување на спомен-обележјата и спомениците од НОВ. - Ние решивме дека во 2023 година ќе започнеме со еден вид на национална стратегија со која ќе ги поделиме надлежност на четири музеи, коишто ќе добијат пари во годишната програма за финасирање на проекти од национален интерес и кои што ќе бидат фокусирани строго на овие спомен-обележја и споменици од периодот на НОВ. Ќе одредиме четири национални установи, ќе ги поделиме по географско значење и тие ќе бидат задолжени за реставрација, реконструкција, освежување и секаков вид на поправка, која што му треба на секое едно спомен-обележје или споменик од времето на НОВ, нагласи министерката за култура.см/ац/

Остани поврзан