• петок, 22 ноември 2024

Министерството за одбрана на прво место според Индексот за активна транспарентност

Министерството за одбрана на прво место според Индексот за активна транспарентност

Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Министерството за одбрана трета година по ред е рангирано на прво место според Индексот за активна транспарентност од Центарот за граѓански комуникации, со освоени максимални 100 проценти.

-Изминатиот период, Министерството постави нов дизајн на веб-страницата, со што првенствено драстично ја подобри безбедноста на веб-страницата, а ја подобри и функционалноста и достапноста на поставените информации. На веб-страницата можат да се најдат видат сите документи за работата на министерството кои се од јавен интерес, како јавните набавки, буџетот, стратегиските документи, платите на функционерите и раководството на институцијата и сите информации од јавен карактер, поставени на посебната подстраница на веб-страната под наслов  „Јавноста има право да знае“, информираат од Министерството за одбрана. Како што се наведува во соопштението, министерката Петровска од самиот почеток посочила дека отвореноста на одбраната и активната транспарентност на Министерството продолжуваат да бидат врвни приоритети на нејзиниот мандат и дека одбраната ќе продолжи да биде во служба на јавниот интерес и отвореноста кон граѓаните.

Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата, на локално и на централно ниво од 2016 година, а Министерството за одбрана од 45-тото место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, достигна прво место со максимален процент. Како што се наведува во истражувањето, „Министерството се наоѓа на првата позиција не само меѓу министерствата, туку и меѓу вкупно 98 рангирани институции втора година последователно. Ова Министерство особено ја подобрува својата активна транспарентност од 2018 година наваму“. ки/са/

 

Остани поврзан