• недела, 22 декември 2024

Министерот Салиу на конференција во Чанакале

Министерот Салиу на конференција во Чанакале

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - На покана на претседателот на Федерацијата на европски и балкански ромски здруженија, Хилми Кескин, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу присуствувал на конференција во Чанакале, Турција, каде се зборувало за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации, соопштија од неговиот кабинет.

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

- Воедно, посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти, се истакнува во писмената изјава на министерот. бд/нд/

Фото: Кабинет на министерот Шабан Салиу

Остани поврзан