Министерот Муцунски учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се одржува од 11 до 13 април во Анталија, Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во организација на турското Министерство за надворешни работи.

Скопје, 12 април 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се одржува од 11 до 13 април во Анталија, Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во организација на турското Министерство за надворешни работи.
Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Регионална сопственост за просперитетна иднина на Балканот“, а ќе оствари и бројни билатерални средби со негови колеги – министри за надворешни работи.
Во ера на зголемена нестабилност и непредвидливост, обележана со комплексни предизвици и повеќекратни кризи, Анталија Дипломатскиот Форум има за цел да ги анализира системските предизвици со кои се соочува мултилатералниот поредок и да поттикне конструктивен дијалог за враќање на дипломатијата во брзо менувачката меѓународна средина.
Согласно најавите, Форумот ќе собере глобални лидери, креатори на политики, академици, бизнис експерти, како и претставници на медиумите и граѓанското општество, со цел размена на мислења за тоа како дипломатијата може да придонесе кон заедничка акција и одговор на глобалните предизвици во фрагментираниот свет.лв/
фото: МИА архива