• недела, 22 декември 2024

Министерот Муртезани во работна посета на Хелсинки

Министерот Муртезани во работна посета на Хелсинки

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, утре ќе престојува во работна посета на Република Финска.

Во рамки на посетата, министерот Муртезани ќе оствари средби со министерот за европски прашања на Финска, Јоаким Странд и министерката за надворешни работи, Елина Валтонен.

На средбите, како што соопшти Министерството, ќе бидат опфатени теми во контекст на европското досие на Северна Македонија, финската поддршка за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од регионот на Западен Балкан, унапредувањето на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Финска, реформските процеси во Северна Македонија, како и можностите за понатамошна соработка, особено преку инструментот Twinning. дма/ац/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан