• петок, 22 ноември 2024

Министерот Мисајловски во посета на Првиот пешадиски баталјон

Министерот Мисајловски во посета на Првиот пешадиски баталјон

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски во придружба на заменикот на началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетил припадниците во касарната „Чеде Филиповски - Даме’’ во Кичево каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.

За време на посетата, соопштија од МО, министерот Мисајловски од страна на командант на 1. пешадиска баталјон потполковник Зоранчо Ристовски бил брифиран за мисијата, задачите, и одговорностите на единицата, како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировните мисии, вежби и поддршка на други институции.

Како што се наведува во соопштението, министерот Мисајловски пред присутните потенцирал дека во наредниот период ќе се посвети поголемо внимание на опремување на капацитетите за потребите на 1. пешадиски баталјон.

Во рамки на денешната посета од страна на припадниците била извршена и презентација на дел од опремата на 1. пешадиски баталјон. цр/ац/

Фото: МО

Остани поврзан