Министерот Минчев на свечената академија по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска присуствувал на свечената академија организирана по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, на покана на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска присуствувал на свечената академија организирана по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, на покана на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Свечената академија се одржа во чест на еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ – кодификацијата на македонскиот јазик како стандарден и официјален јазик на државата. На настанот биле истакнати придобивките од овој историски чин за националниот, културниот и институционалниот развој на Република Македонија.

Министерот Минчев, како што соопштија од неговиот Кабинет, го истакнал значењето на јазикот како темел на јавната администрација, културата и идентитетот на државата и изразил поддршка за понатамошна промоција и заштита на македонскиот јазик во сите општествени и институционални процеси.

- Настанот обедини бројни претставници на државниот врв, академската заедница, дипломатскиот кор, институциите, како и љубители и промотори на македонскиот јазик, кои заеднички оддадоа почит на јазичкото и културното наследство на нашата земја, се наведува меѓудругото во соопштението од Министерството за јавна администрација. цр/сст/
Фото: Министерство за јавна администрација