• петок, 05 декември 2025

Министерот Андоновски ќе даде отчет за сработеното

Министерот Андоновски ќе даде отчет за сработеното

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска ќе одржи брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на Министерството.

Тема на брифингот, како што информираат од Министерството, е „Една година Министерство за дигитална трансформација – отчет и идни активности“, каде ќе бидат презентирани постигнувањата во изминатата година, како и плановите и проектите што претстојат.

По завршување  на брифингот, предвидено е министерот Андоновски да одржи прес-конференција.фф/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан