• понеделник, 23 декември 2024

Министерката Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила

Министерката Петровска оддаде почит во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила во конфликтот од 2001 година, денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, положија венец на спомен обележјето кај Љуботенски бачила. Како што соопштија од Министерството за одбрана, во чест на загинатите, а како дел од низата одбележувања на овој настан, министерката Петровска како предводник на владината делегација, во чиј состав беше и советникот за одбрана на Претседателот на Владата Драган Василевски, положија венец и пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната „Илинден“ во Скопје. На овој ден, пред 21 година, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата. цр/бак/

Остани поврзан