Минералната вода кај тетовско Бањиче не е исправна за пиење
- Минералната вода кај тетовската месност Бањиче не е исправна за пиење и надлежните препорачуваат да не се користи се до следното известување.
Тетово, 9 јуни 2022 (МИА) - Минералната вода кај тетовската месност Бањиче не е исправна за пиење и надлежните препорачуваат да не се користи се до следното известување.
-Минералната вода кај кривината во месноста Бањиче не е исправна за пиење. Според анализите минералната вода не одговара за употреба поради зголемен број на колиформи бактерии, ешерихија коли и ентерококи. Се препорачува граѓаните да не ја користат за пиење се до следното соопштение, информираат од Центарот за јавно здравје Тетово.
Станува збор за минерална вода за која има импровизирана чешма што се наоѓа на околу два километи од Тетово во излетничката област Бањиче. ас/аа/