• петок, 05 декември 2025

Милош Теодосиќ ја заврши својата играчка кариера

Милош Теодосиќ ја заврши својата играчка кариера

Белград, 26 јуни 2025 (МИА) - Кошаркарот на Црвена Звезда и поранешен репрезентативец на Србија, Милош Теодосиќ, денес објави дека ја завршува својата играчка кариера.

Теодосиќ (38) играше за Црвена Звезда од 2023 година.

- Пред се, ви благодарам за 30 години заедничка борба, уживање, радост и тага. Дојде моментот да се збогувам со една фаза од мојата љубов кон магичната игра на обрачите. Зад мене, зад нас, има многу желба, борба, одрекување. Освоени трофеи, но и изгубени финалиња. Сè е кошарка и сè е живот. Не би променил ништо од тоа, би направил сè - повторно исто, сподели Теодосиќ во изјавата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан