• понеделник, 23 декември 2024

Милошоски: Тутунарите се незадоволни од третманот на власта, како пратеничка група ќе вршиме притисок трудот и маката да им се исплати

Милошоски: Тутунарите се незадоволни од третманот на власта, како пратеничка група ќе вршиме притисок трудот и маката да им се исплати
Скопје, 17 март 2021 Денеска давам изјава од посетата на Демир Хисар и Крушево. Главната тема на средбите со граѓаните е катастрофалниот откуп на тутун и гледаме дека производителите на тутун се многу незадоволни. Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мустри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун. Затоа како политичка партија побаравме уште во декември минатата година во собранието да се расправа за оваа тема. Но, за жал владејачкото мнозинство не излезе во пресрет на таквите барања. Сега е продолжен откупот до крајот на март, но гледаме ситуацијата не се менува и голем број на тутунопроизводители остануваат со непродаден тутун а од тоа егзистираат. Цениме дека ваквиот начин и однос од власта не е соодветен со трудот и времето кое се вложува од страна на тутунарите во производството на тутун. Ние како пратеници ќе пробаме повторно во собранието оваа тема да ја подигнеме во јавноста и со самото тоа да создадеме притисок врз властите и компаниите да го испорачаат она што тутунопроизводителите го заслужуваат. Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки https://www.youtube.com/watch?v=hZpQoFIp7Qs

Остани поврзан