• среда, 25 декември 2024

Милошоски: СДСМ и ДУИ со билатералните игри ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Милошоски: СДСМ и ДУИ со билатералните игри ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ

Скопје, 8 октомври 2024

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.

„Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се“ кажа Милошоски.

Милошоски ја посочи лошата состојба која што  наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.

„Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски.

Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ  интеграциите.

„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ потенцира Милошоски.

Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во актуелната емисија Само вистина изрази загриженост за нестабилната политичка ситуација во Бугарија. Тој истакна дека ќе почека до крајот на октомври за резултатите од непосредните избори во Бугарија. Тој напомена дека во Бугарија сеуште политичката сцена не е стабилна.

„Македонија не треба повторно да се соочи со изневерување на надежите за европска интеграција, особено не со наивни промени во уставот,“ изјави Милошоски.

Тој апелираше за појасна и аргументирана комуникација со Европската унија, со цел да се осигура сигурен пат кон Брисел.

„Потребно е Европа да ја дефинира нашата европска перспектива. Не можеме да си дозволиме повторување на минатите грешки,“ додаде тој, повикувајќи на одговорно раководство во рамките на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан