• понеделник, 23 декември 2024

Милевски со награда за посебни заслуги: Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура

Милевски со награда за посебни заслуги: Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура
Скопје, 8 декември 2022 (МИА) - Крива Паланка заслужува да биде град со современа и урбана инфраструктура, со нови проекти кои се реализираат, вложувајќи во напредок и развој - за поубава општина за генерациите што доаѓаат, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ја доби наградата за посебни заслуги за придонес што ја доделува Општина Крива Паланка по повод 78 години од ослободувањето на градот. Како што соопшти денеска Министерството за локална самоуправа, министерот Милевски заедно со градоначалникот Сашко Митовски и директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, Дарко Стоилковски, официјално ја пуштија во употреба реновираната национална установа „Центар за култура Крива Паланка". - За празнувањата да бидат поубави - подобри услови за работа во НУЦК, поквалитетна реализација на културните содржини, ентериерот во салата е саниран со финансии од Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој како и Програмата за урбани подрачја со вкупно четири милиони денари и кофинасирање од општинскиот буџет близу 450.000 денари, рече градоначалникот Митовски. Покрај овој проект уште три нови проекти ќе се реализираат преку Програмата за рамномерен регионален развој  и тоа во с. Кркља ќе се гради локална патна инфраструктура во вредност од 12 милиони денари, заради поттикнување на руралниот развој, а во Крива Паланка финансираме, рече тој, во урбаниот развој со проект во вредност од 15 милиони денари. - Со подобрување на инфраструктурата во Крива Паланка, во Кратово, во Ранковце и во Старо Нагоричане, со проект во вредност од 30,5 милиони денари, се финансира во рамномерниот регионален развој за добробит на граѓаните, додаде МилевскиЗа време од само четири години, вкупните средства од Програмата за рамномерен регионален развој и новата програма за надминување на диспаритетите и за поголема конкурентност, на годишно ниво се дуплирани, поточно од седум на 14 милиони евра,  а заедно со проектите одобрени оваа година (2019-2022), ќе бидат реализирани вкупно 606 проекти во сите општини во државата, стои во соопштението. вг/лв/

Остани поврзан