• петок, 22 ноември 2024

Милатовиќ: Потребни се големи пари за да се задоволат стандардите за животна средина

Милатовиќ: Потребни се големи пари за да се задоволат стандардите за животна средина

Тиват, 27 април 2023 (МИА) - Потребни се големи средства за да се задоволат критериумите за животна средина, пред да се влезе во ЕУ, порача Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ одговарајќи на новинарски прашања пред медиумите од Западен Балкан.

-Во таа смисла позицијата на Црна Гора, а претпоставувам и на останатите земји од Западен Балкан дека при преговарањето со ЕУ ќе бараат, како некои од тие предизвици би се решиле. Користејќи ги фондовите на ЕУ, но и помошта која доаѓа од ЕУ, вели Милатовиќ.

Забележа дека координацијата и меѓуграничната соработка е еден од начините на решавање на проблемите во делот на животната средина.

-Апсолутно сметам дека во наредниот период  таа координација и меѓугранична соработка дополнително треба да се стават меѓу темите, вели Милатовиќ.

Претседателот на Црна Гора пред новинарите од Западен Балкан  одгаварше и за актуелните политички случувања во неговата земја и претстојните Парламентарни избори. Забележа дека неговата земја се наоѓа во процес на демократизација на заедницата,а за него се важни етичкото однесување и обединетоста. вдј

 

Фото: МИА

Остани поврзан